Краткиот филм „Крајот на светот“ на Филмскиот Фестивал „Кустендорф“

21/12/2011

Краткиот филм „Крајот на светот“ во режија на Јани Бојаџи е селектиран во конкуренција на филмскиот фестивал „Кустендорф“. „Крајот на светот“ е селектиран во официјалната програма од дваесет филма избрани од повеќе од 200 пријавени дела на филмски автори од 40 земји од светот.
Во „Крајот на светот“ се раскажува приказна за Татко и Син кои се обидуваат да заработат барајќи извори на вода со дрвен чатал. Еден ден случајно ќе налетаат на златножолт кабел. И покрај противењето на Стариот, за кого тоа е "ѓаволска работа што не смее да се прави", Синот ќе го пресече кабелот кој очигледно ги напојува ѕвездите и Месечината... 
Главните улоги во филмот ги толкуваат Мето Јовановски и Владо Јовановски. 
Ова е втор филм од македонија кој ќе учевствува на овој фестивал, минатата година наш претставник беше краткиот филм „Глуварче“ во режија на Игор Христов.