„Крајот на светот“ селектиран во Солун

11/12/2012

  

На овогодинешниот фестивал на краткометражен игран филм "Thessaloniki International Short Film Festival" кој од 12 ти до 16 декември се одржува во културниот центар "Александрос" во Солун,  филмот "Крајот на светот" е селектиран во официјалната натпреварувачка селекција заедно со уште десетина филмови одбрани од најдобрите европски и светски фестивали на краток филм.

Шестиот "Thessaloniki International Short Film Festival" е своевидна ретроспектива на измината фестивалска година и се организира под покровителство на Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис.

"Крајот на светот" својата светска премиера ја имаше во Јануари оваа година на фестивалот ,,Кустендорф,, кој го организира и води познатиот режисер Емир Кустурица. Во текот на 2012 година "Крајот на светот" беше прикажан на повеќе од 20 фестивали во Германија, Франција, Италија, Хрватска, Бугарија, Албанија, Швајцарија, Грција, Босна и Херцеговина, Романија, Холандија, Австралија, Египет и Јапонија a следната 2013 година ќе биде прикажан на четири фестивали во Данска, Русија и САД.

"Крајот на светот" е финансиран со средства на Министерството за култура на Република Македонија и Филмскиот Фонд на Македонија.