„Крајот на светот“ на Филмскиот Фестивал во Регензбург

12/03/2012

 

Филмот „Крајот на светот“ на Јани Бојаџи е поканет да учествува на овогодинешниот фестивал на краткометражен филм „Регензбург Филм Фестивал“ (Regensburger Kurzfilmwoche), кој се одржува во Регензбург, Германија.

„Крајот на светот“ ќе се натпреварува во официјална конкуренција заедно со триесетина играни филмови во Интернационалната Програма, селектирани помеѓу 4.000 пријавени филмски остварувања од целиот свет.

Неделата на краткометражен филм во Регензбург се одржува по 18ти пат, а ќе трае од 14ти - 21ви Март.

 


Дневник: „Крајот на светот“ на Бојаџи на фестивал во Регензбург

Вечер:"Крајот на светот" во Германија

 

 

повеќе информации за филмот ОВДЕ