Започна снимањето на филмот "Медена ноќ"

14/11/2013

Деновиве започна снимањето на „Медена ноќ“, новиот филм на режисерот Иво Трајков.

Приказната се одвива во 90те години и се случува за време на ноќта на десетгодишнината на заменик министерот Стив и неговата сопруга Ана. Улогите на Стив и Ана ги толкуваат актерите Никола Ристановски и Верица Недеска.

Снимањето ќе трае пет недели и ќе се одвива на локации низ Скопје.

Филмот е по сценарио и режија на Иво Трајков, во продукција на Кавал Филм и е поддржан од Филмскиот фонд на Македонија.