Глобална Филмска Иницијатива: Отворен повик за аплицирање

18/06/2012

Фондацијата „Глобална Филмска Иницијатива“ објавува отворен повик за аплицирање за овогодишната програма  наменета за поддршка на долгометражни филмови.  

„Глобална Филмска Иницијатива“ е американска непрофитна и меѓународна организација  која што се занимава со развој на интеркултурната  комуникација низ филмската уметност. Фондацијата годишно поддржува од 15 – 20 долгометражни филмови од Централна и Источна Европа, Африка, Азија, Латинска Америка, Карибите и Блискиот Исток, а висината на добиениот грант за секој проект поединечно изнесува до 10.000$.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат со пријавување на своите долгометражни проекти, во било која фаза на продукција. Рокот за пријавување истекува на 16.07.2012, а селекцијата ќе биде објавена во октомври годинава.

Повеќе информации, како и пријавата за апликација на www.globalfilm.org/granting.htm