„Железната приказна“ најдобар краток филм на фестивалот во Тузла

02/11/2017

 

Краткометражниот игран филм „Железната приказна“ во режија на Златко Калеников, ја освои првата награда во категорија на кратки филмови на овогодинешниот Тузла Филм Фестивал, кој се одржа од 18-22 октомври.

Досега филмот беше дел од официјалната селекција за кратки филмови на 38. Меѓународен фестивал на филмска камера “Браќа Манаки” во Битола. Веднаш потоа филмот ја имаше својата интернационална премиера на 22. Издание на Интернационалниот филмски фестивал за деца и млада публика “Шлингел” во Германија, каде беше номиниран за најдобар краток филм, а беше прикажан и на отворањето на фестивалот Macedonia Cinema Days во Сиднеј.

Во следниот период филмот е селектиран за учество во официјална конкуренција на фестивалите во Тирана - Албанија, Бејрут - Либан, Измир - Турција, Букурешт - Романија и Пиргос - Грција.