Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

„Последните камбани“ со награда на Филмскиот фестивал во Монтреал

06/09/2017

 

Краткометражниот филм „Последните Камбани“, ја освои првата награда за кратки филмови на 41виот „Монтреал ворлд филм фестивал“, Канада, кој се одржа од 24ти август до 4ти септември.

Во конкуренција за наградата беа прикажани околу четириесет кратки филмови од целиот свет, но жирито одлучи да ја додели токму на единствениот македонски претставник.

За наградата, сценаристот и режисер Никола Поповски, истакна дека: Пред десет дена сметав дека да се учествува на фестивал од калибарот на оној во Монтреал претставува и чест, и одговорност. Но, да се победи на истиот, и тоа при првото фестивалско учество на филмот, тоа е веќе признание за сите кои го овозможија неговото создавање. Мето Јовановски уште на почетокот ми даде до знаење дека во сценариото го препознал потенцијалот за таа идеја да биде општо прифатена и препознаена. 

Продуцентот Гоце Кралевски додава дека по успехот и наградата во Монтреал, „Последните Камбани“ продолжува со фестивалско прикажување во официјална конкуренција на фестивалот за краток филм во Драма, Грција: Се надевам дека покрај визуелните наративни квалитети, и наградата на фестивалот во Монтреал ќе ги отвори вратите за многу нови фестивалски учества и достојна промоција на „Последните камбани“.