Започна снимањето на краткометражниот „Последните камбани“

05/09/2016

Краткометражниот филм „Последните камбани“ започна со снимање во селата Љубојно и Брајчино. Режијата и сценариото се на Николче пОповски, директор на фотографија е Фејми Даут, продуцент е Гоце Кралевски, а филмот е во продукција на „ДНФ Филмс“.

Приказната е за осамен старец (во улога на Мето Јовановски), кој преку камбаната комуницира со неговиот пријател од соседното село. Филмот е планирано да биде комплетиран во февруари, по што се очекува да биде претставен на некој од претстојните фестивали.

„Последните камбани“ е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.