Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

„Последните камбани“ во нови фестивалски улоги

18/04/2018

 

Филмот „Последните камбани“ во режија на Николче Поповски кој својата премиера ја имаше на Светскиот филмски фестивал во Монтреал и воедно ја освои првата награда за најдобар краток филм, продолжува со нови фестивалски прикажувања.
По неодамнешното учество во официјалната меѓународна конкуренција на Филмскиот фестивал во Силхет, Бангладеш,  овој месец, следува негово прикажување на овогодинешниот Скопје филм фестивал, а потоа и на фестивалот на нем филм кој ќе се одржи во Медисон, во сојузната држава Висконсин, САД.
Фестивалскиот живот на „Последните камбани“ продолжува и со официјалната, меѓународна конкуренција на Фестивалот на краток филм „Фастнет“, кој ќе се одржи од 23 до 27 мај во Шул, Република Ирска, а во меѓувреме потврдено е и учество на Меѓународниот фестивал на краток филм и анимација во Санкт Петерсбург кое започнува на 1-ви мај 2018г.