Заврши снимањето на „Последниот Македонец во Македонија“

26/09/2013

                    

Деновиве во Битола заврши снимањето на играниот дел од документарниот филм „Последниот Македонец во Македонија“ во режија на Илија Пиперковски.

Филмот е мотивиран од 100 годишнината од Букурешкиот Договор и изминатава недела се снимаше во Битола и околината.

Филмот е по сценарио на Александар Кукулев, директор на фотографија е Дејан Димески  во продукција на Тринити плус Продакшн и со поддршка на Филмскиот фонд на Македонија.