„Ослободување на Скопје“ продаден во Кина

28/03/2018

 

Македонско–хрватскo-финскo-британската копродукција „Ослободување на Скопје“ од Раде и Данило Шербеџија е продадена во Кина. Селс агентите на филмот изјавиле за Film New Europe дека интересот е исто така изразен и од повеќе јужноазиски територии, вклучувајќи ги Тајван, Сингапур и Малезија.

Филмот ќе биде објавен во Кина од страна на First Brave/Jushi.

Оваа драма од Втора Светска војна беше номинирана во категоријата најдобар филм од неанглиско говорно подрачје на 89-то издание на Оскарите.

Филмот е продуциран од страна на Македонската продуцентска куќа Partysans во ко-продукција со хрватската Lijeni Film и MP Film Production, финската Art Films и британската F&ME. Агенцијата за филм на РМ, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Финскиот филмски фонд, YLE и Еуримаж го поддржаа овој проект.

„Ослободување на Скопје“ ја имаше својата премиера во 2016 година на филмскиот фестивал во Пула.