„Ослободување на Скопје“ на фестивалот во Палм Спрингс

11/01/2017

 

Филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде и Данило Шербеџија, беше прикажан на 28-мото издание на филмскиот фестивал во Палм Спрингс, Калифорнија како дел од програмата „Awards Buzz Fest Foreign Language Film“.

Филмот имаше проекција на 09ти Јануари, а втората прокеција ќе биде одржана на 11ти Јануари во киното Регал. По првата проекција, филмот беше прифатен со одлични реакции и публиката имаше можност да му поставува прашања на режисерот Данило Шербеџија.

Главните улоги во филмот ги толкуваат: Давид Тодосовски, Силвија Стојановска, Раде Шербеџија, Луција Шербеџија и Небојша Глоговац.

Филмот кој е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на РМ, е ко-продукција помеѓу Македонија, Хрватска и Финска и исто така доби поддршка и од Еуримаж.