„Трето полувреме“ од Кан се враќа со реномиран светски филмски дистрибутер

23/05/2012

                              

 

Продукциската куќа Кино Око за време на Канскиот филмски фестивал склучи договор со светската продажна и продукциска компанија „Литл филм“ од Лос Анџелес, за светска продажба на филмот „Трето полувреме“ во режија на Дарко Митревски. Веста беше објавена во денешното електронско издание на Screen International, кој важи за еден од најпознатите и највлијателни филмски магазини во светот. (повеќе за објавата ОВДЕ)

Ова е прв пат македонски филм да добие застапник на правата за продажба по проекцијата на Маркетот во Кан.

„Литл филм“ беше застапник и на јужноафриканскиот филм  "TSOTSI" кој во 2006 година ја доби наградата Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.