„Духот на баба Илонка“ со проекции во Битола

12/02/2015

„Духот на баба Илонка“ во режија на Томислав Жаја започнува со редовна дистрибуција низ киносалите во земјава. Филмот ќе биде на репертоарот на Центарот за култура во Битола со проекции во малата сала на 13ти (20:00ч), 14ти (22:00ч) и 25ти (20:00ч) февруари.

Филмот е 90 мин. музичка комедија за урбано ромско семејство кое живее во предградието на голем град; Татко Храст(34), мајка Аска (33), нивната ќерка Мануша(9) и Баба Илонка (55), мајка на Аска, добро позната гатачка. Одеднаш Баба Илонка умира, Аска е отпуштена од работа, додека Храст го губи слухот, па тој е отпуштен од бендот за погреби во кој бил трубач. Семејството одеднаш ги губи сите извори на приходи. Поради тоа отсечени се нивната електрична енергија и телефонската врска, Аска безволно се нафрла на клиентите на својата мајка и им предвидува среќа, додека безуспешно испраќа барања за било каква работа. Мануша не сака да оди на училиште, затоа што другите деца не ја прифаќаат...

Главните улоги во филмот ги толкуваат Ракан Рушаидат, Антонија Станишиќ, Сабина Ајрула. Цената на влезниците изнесува 100 денари.