„Малиот бог на љубовта“ награден на фестивал во Косово

17/09/2013

Долгометражниот филм „Малиот бог на љубовта“, македонско-црногорска копродукција во режија на Жељко Сошиќ освои две награди на Филмскиот фестивал „Goddess on the Throne“,  кој се одржа во Приштина, Косово во периодот од 1-5 септември.

Фестивалот ја додели наградата за Најдобра женска споредна улога на Светлана Бојковиќ за нејзината забележителна изведба во филмот додека наградата за Најдобра режија му припадна на режисерот Жељко Сошиќ за неговата оригинална и стилска режисерска техника.

Филмот е во продукција на македонската продуцентска куќа Кавал Филм и е поддржан од Филмскиот фонд на Македонија.