„Девојчето со кибритчињата“ награден на фестивал во Индија

28/01/2014

Краткиот филм на Филип Матевски „Девојчето со кибритчињата“, во продукција на Квазар филм, беше награден за најдобар краток филм на овогодинешното издание на меѓународниот детски филмски фестивал Children's India, кој се одржа во период од 20ти до 24ти Јануари. На фестивалот покрај „Девојчето со кибритчињата“ беа прикажани и кратките филмови „Бардо“ во режија на Марија Апчевска и „Жарче“ на Томислав Алексов.

Детскиот фестивал оваа година се одржа по деветти пат, а истиот е  организиран од страна на непрофитната организација Children's India, која е основана во 2005 година. Оваа организација претставува форум за филм, образование и други сродни активности, фокусирајќи се на производство на креативни и интересни програми за деца. 

 

Повеќе информации:
http://www.childrensindia.org/index.php
https://www.facebook.com/childrensindia1