Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Директорката на Агенција за филм на Република Македонија, Мими Ѓоргоска Илиевска – член на жирито на Меѓународниот филмски фестивал во Ереван

10/07/2017

 

 

Директорката на Агенција за филм на Република Македонија, г-ѓа Мими Ѓоргоска Илиевска е член на жирито на  14. Издание на Меѓународниот филмски фестивал „Златна кајсија“, што годинава се одржува во период од 9 – 16 јули во Ереван, главниот град на Ерменија.

Мими Ѓоргоска Иливеска е член на меѓународното жири во компетицијата на документарни филмови составена од претставници од филмската индустрија: Јуџин Кор (САД), Том Фасерт (Холандија), Микеланџело Месина (Италија) и Григор Харутиниан (Ерменија). Комисијата ќе ја додели наградата „Златна кајсија“ за најдобар документарен филм и специјалната награда „Сребрена кајсија“.

Мими Ѓоргоска Илиевска ќе земе учество и во форумот на Креативна Европа што ќе се одржи во перидот од 12-14 јули во организација на филмскиот фестивал во Ереван, Меѓународната фондација LEA (Грузија) и Јавната меѓународна организација Internews (Украина). Панел дискусиите кои се дел од форумот ќе се одржат во три сесии на кои ќе се разгледуваат најдобрите начини и механизмите за интеграција во програмата на Креативна Европа, моделите за поддршка на филмските продукции и копродукции вклучувајќи ги и средствата кои тие ги добиваат од фондот на Креативна Европа, а ќе биде ставен акцент и на начините на финансирање и можностите кои ги нудат филмските фондови во Европа, при што Мими Ѓоргоска Илиевска ќе ги презентира можностите и начиите на финансирање во Македонија, улогата на Еуримаж како и правото на поврат на средства за странски продукции кои снимаат во Македонија.

Освен Ѓоргоска Илиевска, на панел дискусиите учествуваат и Муге Демир (претставник од Филмскиот фестивал во Ротердам), Ирена Стрзалковска (продуцент и национален претставник на Полска при Еуримаж), Стефан Китанов (продуцент и директор на Софискиот филмски фестивал), Кристина Балабан (претставник од институтот на документарен филм во Прага), Дорина Оарга (претставник од Филмскиот фестивал во Трансилванија).

Меѓу другото, Ѓоргоска Илиевска ќе земе учество и во пичинг програмата каде ќе бидат претставени шест долгометражни филмски проекти од Ерменија.

На фестивалот во официјална конкуренција во програмата за долгометражни филмови ќе биде прикажан и филмот „Реквием за г-ѓа Ј“ на режисерот Бојан Вулетиќ. Филмот е малцинска копродуцкија помеѓу Србија (SEE FILM PRO), Бугарија (GEOPOLY FILM), Руската Федерација (Non-stop Production), Франција (Surprise Alley) и Македонија (Скопје филм студио).

Фестивалот „Златна кајсија“ е формиран во 2004 година, а годинава се одржува под мотото: “Крстопати на култури и цивилизации и на истиот се очекува да бидат прикажани над 200 филмови поделени во различни категории а годинава е домаќин и на голем број филмски професионалци и над 300 акредитирани новинари од локални и меѓународни  медиуми.  Меѓу досегашните гости на фестивалот се вбројуваат Марко Белокио, Вим Вендерс, Клаудиа Кардинале, Фатих Акин, Нури Билге Џејлан и многу други.