Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Агенцијата за филм на Р.Македонија потпиша договор за развој на копродукциски проекти помеѓу Италија и Македонија

03/09/2015

Денес со почеток во 12:00 часот во Италијанскиот Павилион – Сала Тропикана (Хотел Excelsior) во склоп на 72-то издание на Меѓународниот филмски фестивал Венеција, Дарко Башески, директор на Агенцијата за филм на Република Македонија и Никола Борели, генералниот директор на Дирекцијата за филм при Министерството за културно наследство и туризам потпишаа Договор за развој на копродукциски проекти помеѓу Италија и Македонија.

Со потпишување на овој договор двете земји го поттикнуваат заедничкиот интерес за финансисрање на проекти во развој на долгометражни филмови (игран, документарен и анимиран филм) чие сценарио има висок квалитет и  комерцијален потенцијал да ги привлече гледачите од двете земји како и гледачите од  остатокот од светот. Со овој договор е дефинирано дека при развој на копродукциски проект меѓу двете земји, продуцентот од домашната земја може да аплицира за поддршка според овој договор. Продуцентите мора да работат во согласност со законодавството на Република Македонија и законските регулативи воспоставени од Агенција за филм како и соодветно со италијанското законодавство и упатствата на Дирекцијата за филм при Министерството за културно наследство и туризам.

Вкупниот буџет за развој на копродукциски проекти помеѓу двете држави е 60.000 евра на годишно ниво , односно по 30.000 евра од секоја земја.

Утре (04.09.2015 год, петок), во рамките на 72-то издание на Меѓународниот филмски фестивал Венеција, филмот „Банат’’ во режија на Адриано Валерио, ко-продукција помеѓу Италија, Македонија, Романија и Бугарија ќе ја одржи својата официјална премиера. Филмот „Банат’’ е поддржан како малцинска ко-продукција од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија. Дел од овој филм минатата година во тек на дваесетина дена се снимаше во нашата земја.

Галерија