Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Агенцијата за филм и Друштвото на филмски работници најавуваат нов почеток за македонскиот филм

06/06/2018

 

Денеска, 06.06.2018, во рамки на вонредното собрание на Друштвото на филмски работници на Македонија, беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за филм на република Македонија и Друштвото на филмски работници, во правец на зајакнување на заедничките заложби за подобрување на условите за работа, квантитетот и уметничките дострели на македонското филмско производство.

Филмови кои се случуваат овде и сега и говорат за предизвиците со кои се соочуваат актуелните генерации, го опишуваат и критикуваат општественото секојдневие, во обид да ја  разобличат неговата застранетост, ќе бидат делата кои ќе го означат "новиот почеток" на македонското кино. Особен фокус ќе биде ставен на младите автори, европските копродукции и документаристиката, додека пак возобновувањето на македонскиот анимиран филм ќе претставува еден од клучните приоритети.

Друштвото на филмски работници на Македонија е основано далечната 1950-та година од самите доајени на македонскиот филм. Oва друштво претставува столб на нашата кинематографија, низ сите нејзини епохи и премрежја. Во него се среќавале и се среќаваат филмските дејци од сите генерации, со единствена цел, да го унапредат македонското кино производство и да обезбедат подобри услови за филмско творештво и егзистенција на оваа специфична општествена категорија наречена "филмаџии". Од ова друштво произлегле идеите за речиси се што денес се нарекува - македонска кинематографија. Дури и основањето на Филмски фонд на Р.М, денес Агенција за филм е иницијатива на членовите на ДФРМ.

Долги години друштвото беше исклучено од процесите на креирање стратегија и легислатива во доменот на филмот, што е впрочем негова примарна улога. Беше соочено со притисоци кон членовите да преминат во новосоздадени здруженија, обиди да му се одземе фестивалот Браќа Манаки, да му се оспори лиценцата за избор на македонски кандидат за Оскар.  Во истовреме, Агенцијата за филм беше претворена во херметична институција која ги окупира сите надлежности поврзани со филмското производство, често работејќи под нетранспарентни и сомнителни околности, од кои прозлегоа и сеуште произлегуваат вртоглави долгови, поддршка на партиски мотивирани проекти, индиции за несовесно постапување и ненаменско искористување на средствата наменети за филм.

Агенцијата за филм денес, води политика на отвореност и партнерство со филмската фела, градејќи атмосфера во која квалитетот ќе претставува клучен  критериум при селекцијата и поддршката на филмските проекти.

Овој меморандум за соработка е од огромно значење, бидејќи со него се официјализира институционалната поддршка од страна на Агенцијата за филм кон ДФРМ, најстарата "жива" македонска филмска институција. За возврат, Агенцијата за филм добива партнер во заедничките заложби за унапредување на македонскиот филм и креирањето на современа и прогресивна културна политика за зацврснување и втемелување на нашата мала кинематографија во европското филмско семејство.

Друштвото на филмски работници на Македонија е единствената наша филмска институција призната од страна на Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, поради што поседува лиценца за избор на национален кандидат за Оскар од неанглиско говорно подрачје. ДФРМ е основач и организатор на ИФФК Браќа Манаки, постојан член во ИМАГО и други светски организации и асоцијации на филмски професионалци. Во периодот што следува, активностите на Друштвото ќе бидат насочени кон внатрешно консолидирање, интегрирање на младите филмски творци, едукација, промоција на македонскиот филм, активно учество во креирањето на националната културна стратегија во доменот на подвижните слики и наше подлабоко инволвирање во европскиот систем на филмски институции.

Агенцијата за филм на Република Македонија е институција задолжена за селекција, финансирање и евалуација на филмови и други проекти од областа на кинематографијата, негувајќи ги притоа европските филмски вредности, принципите на културна диверзификација, квалитет, транспарентност, отвореност и космоплитизам. Нејзините актуелни приоритети се фокусирани кон стимулација и развој на оригинални идеи преточени во филмски сценарија, како и поголема вклученост на жените во сите области од филмското производство.

 

Скопје, 06. 06. 2018

Агенција за филм на Република Македонија

Друштво на филмски работници на Република Македонија