Магијата на Џифони македонија ја почувствуваа и децата од Домот „11 октомври“

01/11/2016

По успешното завршување на четвртото издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија’’, џифоноверзумот продолжи да ја шири својата филмска магија и кај децата од Домот за деца без родители „11 Октомври‘‘.

Дводневната активност на Џифони Македонија започна вчера со почеток од 14:00 часот, со кратко запознавање со активностите под брендот „Џифони’’ од страна на Мими Ѓоргоска Илиевска, директорка на Агенцијата за филм на Република Македонија и Дарко Башески, извршен директор и официјален преставник на Giffoni Experince во Македонија.

 

 Потоа најмладите имаа можност да проследат проекција на анимираниот филм „Големата мечка“ синхронизиран на македонски јазик како и да уживаат во производите на Витаминка Прилеп. Активноста продолжува и денес со проекција на италијанскиот филм „Зоран, мојот внук идиот“    во режија на Матео Олеото и македонскиот краткометражен филм „Човекот со чудна навика да ме мава со чадор по глава“ на режисерот Вардан Тозија проследени со подароци од Џифони и спонзорите и уживаа во производите на Стоби Флипс и Chupa Chups.

Џифони Македонија и во период кој следи ќе продолжи со ваквите манифестации наменети за деца и млади од сите категории. Ова активност е само продолжување на веќе одржаните проекции во ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести - Скопје кои се реализираа 27-28 октомври 2016 година.