„Човекот со чудна навика да ме мава со чадор по глава“ со награда во Валадолид

30/10/2012

                  

Краткиот филм „Човекот со чудна навика да ме мава со чадор по глава“ со режија и сценарио на Вардан Тозија е добитник на првата награда во категоријата Meeting Point на овогодинешното издание на Меѓународниот филмски фестивал кој се одржа во Валадолид, Шпанија во периодот од 20-27 октомври. Во натпреварувачката категорија Meeting Point  годинава се најдоа 10тина европски наслови со исклучителни тематски и стилски квалитети.

Меѓународниот филмски фестивал во Валадолид се одржува од 1956 година и се смета за еден од најстарите и најетаблирани фестивали во Европа. Голем број познати светски автори низ годините учествувале или биле лауреати во официјалната конкуренција на фестивалот.

Ова е втора награда за филмот, кој е адаптација на истоимениот расказ на аргентинскиот писател Фернандо Сорентино, по освоениот Сребрен Џед во Луксор, Египет.