„Човекот со чудна навика да ме мава со чадор по глава“ со награда во Египет

15/12/2013

Краткометражниот филм „Човекот со чудна навика да ме мава со чадор по глава“ во режија на Вардан Тозија, освои трето место на Фестивалот за краткометражен филм кој се одржа во периодот од21-26 октомври во Каиро, Египет.

Сценариото за филмот е инспирирано од краткиот расказ на аргентинскиот писател Фернандо Сорентино. Ја раскажува приказната за Петар, локален маргиналец и губитник, кој има се полошо секојдневие со кое не може да се справи поради својата инертност и повлеченост. Тоа трае до денот кога од никаде се појавува мистериозен, безимен и молчалив посетител, кој целосно го менува неговиот живот.

Филмот е поддржан од Филмскиот фонд на Македонија.