„Човекот што не сакаше да умре“ награден на фестивал во Србија

16/05/2016

Анимираниот филм „Човекот што не сакаше да умре“ во режија на Гоце Цветановски, доби награда „Златно магаренце“ за најдобар анимиран филм  на Прокупље филм фестивал, што се одржа од 10-13 мај, 2016 год. во Србија, во организација на Филмскиот клуб во Прокпуље. Во рамки на програмата беа прикажани 40 филма во меѓународна конкуренција и 20 во национална конкуренција.

Филмот имаше своја проекција и во рамки на Louisiana International Film Festival, што се одржа од 13-17 април, 2016 год. во Луизијана, САД. Филмот беше  прикажан на 17 април во 21:00 часот, со проекција во Cinemark Theater 4.

Во периодот што следи, „Човекот што не сакаше да умре“  ќе биде прикажан и во рамки на програмата на Меѓународниот филмски фестивал Астерфест, што ќе се одржи од 27-31 мај, 2016 во Струмица.

 „Човекот што не сакаше да умре“ е приказна за човек кој планира да се самоубие но се предомислува кога Смртта ќе дојде по него. Тој ќе се обиде да ја наговори да го пушти по што следува смртоносна игра.

 Проектот е во продукција на ФХ3Х и  истиот е поддржан од Агенција за филм на Р. Македонија.