„Човекот што не сакаше да умре“ на фестивал во Рио де Женеиро

12/08/2015

Анимираниот филм „Човекот што не сакаше да умре“, во режија на Гоце Цветановски, ќе ја доживее својата јужноамериканска премиера на Меѓународниот фестивал за анимиран филм – ANIMACURSED, што ќе се одржи 3-13 септември во Рио де Женеиро.

Филмот имаше светска премиера во јули, на Меѓународниот фестивал на анимиран филм – Cartoon Club, во Римини, Италија.

„Човекот што не сакаше да умре“ е приказна за човек кој планира да се самоубие но се предомислува кога Смртта ќе дојде по него. Тој ќе се обиде да ја наговори да го пушти по што следува смртоносна игра.

Проектот е поддржан од Агенција за филм на Р. Македонија.