„Парада“ со награда во Рим

31/10/2012

Жирито на фестивалот на медитерански филм - МедФилм кој се одржа во Рим во периодот 19-28 октомври го прогласи филмот „Парада„  на српскиот режисер Срѓан Драгојевиќ за најдобар филм, што претставува дванаесеттата меѓународна награда за филмот.


„Парада“, копродукција помеѓу Србија/Македонија/Хрватска и Словенија, ни прикажува група на луѓе кои се обидуваат да организираат успешна Геј парада во Белград, разработувајќи ја постојаната битка помеѓу два света во современото повоено српско општество - традиционалното, напнато и угнетувачко хомофобично мнозинство наспроти либералното, модерно и со широки погледи малцинство.