„Парада“ со три награди во Берлин

20/02/2012

 

Филмот „Парада“ во режија на Срѓан Драгојевиќ освои три награди на 62-то  издание на Меѓународниот Филмски Фестивал во Берлин. Филмот кој се прикажа во програмата Panorama ги освои следните награди: награда од публика за најдобар игран филм во програмата Panorama, посебно признание од екуменското жири како и наградата Victory Column која ја доделува жири составено од читатели на геј Магазинот Siegessäule.

Филмот е копродукција меѓу Србија, Хрватска, Словенија и Македонија. Македонскиот копродуцент е продуцентската куќа Сектор Филм.

 Македонскиот филм „Жената која ги избриша своите солзи“ исто така беше прикажан во програмата Panorama, додека „Бардо“ на Марија Апчевска беше прикажан во програмата Generation.


Филмскиот Фестивал во Берлин се одржа во период од 9ти до 19ти Февруари.