„Парада“ премиерно во Скопје и Битола

14/12/2011

Филмот „Парада“ во режија на Срѓан Драгојевиќ ќе биде премиерно прикажан на 16-ти Декември во киното Милениум, Скопје со почеток во 20часот. Филмот ќе има проекција и во Битола во Центарот за Култура во истиот термин на 17-ти Декември.
Филмот веќе ја имаше својата премиера во Белград во Октомври.
„Парада“ е филм кој  на еден трагикомичен начин ја прикажува постојаната битка помеѓу два света во современотот повоено српско општество, традиционалното, напнато и угнетувачко хомофобично мнозинство наспроти либералното, модерно и со широки погледи малцинство.
Филмот е ко продукција помеѓу Србија, Хрватска, Македонија и Словенија. Македонскиот ко продуцент е продуцентската куќа Сектор Филм. Филмот е подржан од страна на Филмскиот фонд на Република Македонија.

Дневник: „Парада“ во Скопје и во Битола

Вест: Драгоевиќ знае да направи парада

Утрински весник: „Парада“ се дистрибуира во 30 копии

Вечер: Македонска премиера на филмот „Парада"

Нова Македонија: Битолска премиера на „Парада"

МРТ: Српскиот филм „Парада“ вечер со проекција во Битола

Инфо плус: Со „Парада“ до поголема слобода