„Соба со пијано“ со премиера во Скопје

13/09/2013

„Соба со пијано“, најновото остварување на Игор Иванов, ќе ја доживее својата официјална премиера во Скопје на 15 септември во киното Милениум. Филмот ќе ја има својата фестивалска премиера на отворањето на 34. Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, каде како филм во официјалната компетиција ќе се натпреварува за една од престижните награди Златна, Сребрена или Бронзена Камера 300.

„Соба со пијано“ е приказ на различни животни судбини доведени на една единствена локација од чиј ракурс можат да се допрат најсуштествените аспекти на нашето постоење.

Главните улоги ги толкуваат: Наташа Петровиќ, Јовица Михајловски, Светозар Цветковиќ, Васил Зафирчев, Игор Стојчевски, Симона Спировска, Торстен Вогс, Ива Крајнц, Дениз Абдула, Фирдаус Неби, Јагода Кумриќ, Невена Ристиќ.

По премиерата филмот ќе се прикажува на редовниот репертоар на кината Милениум и Синеплекс во Скопје Сити Мол.

Филмот е во продукција на Скопје Филм Студио и е поддржан од Филмскиот фонд на Македонија.