„Соба со пијано“ ќе се снима во Јуни

09/05/2012

              Играниот филм „Соба со пијано“ на режисерот Игор Иванов ќе започне со снимање на 4ти Јуни годинава.

 

                           

 

Филмот е приказ на различни животни судбини доведени на една иста локација од чиј ракурс може да се допрат најсуштествените аспекти на нашето постоење. Оваа соба е единствениот простор, а кусото време минато во неа е еединственото време, кога ликовите, изолирани од светот и сета хипокризија во него, ја живеат луцидната страна на сопствениот живот, го живеат она што вистински се. Овој филм е модерна, универзална приказна со теми од секојдневието на луѓето од кој било дел на светот, што му дава силен интернационален карактер.

Игор Иванов е еден од реномираните македонски режисери, чии филмови „Бубачки“ и „Превртено“ ги виде филмската публика низ целиот свет, прибирајќи бројни позитивни критики и признанија.