Отворен конкурсот за Pixel Lab 2013!

21/01/2013

Повикот за аплицирање за Pixel Lab 2013 е официјално отворен. Со цел да ги развијат вештините потребни за создавање, финансирање и дистрибуирање на проекти на повеќе медиумски платформи, на учесниците ќе им бидат презентирани исцрпни стратегии за ангажирање на публиката преку обуки организирани од страна на истакнати предавачи од областа на крос-медиуми.

Овогодишниот тим на предавачи и експрети ги вклучуваат:

Michel Reilhac (Франција)- уметнички советник на Venice Biennale Colledgе и поранешен извршен директор на Arte France Cinéma

Sean Coleman (Велика Британија) - продуцент и писател од областа на крос - медиуми

Inga von Staden (Германија) -експерт за медиуми и едукатор

Краен рок за аплицирање е 5 април.

Повеќе информации на www.powertothepixel.com