The Pixel Market – Отворен повик за аплицирање

06/05/2015

       

Повикот за аплицирање на 2015 PIXEL MARKET е официјално отворен. Маркетот ќе се одржи на 14ти и 15ти октомври во склоп на  Cross-Media Forum –от на 59то издание на  BFI London Film Festival. Повикот е отворен за продуценти со интерактивни и мултимедијални проекти кои во текот на дводневниот настан ќе имаат можност да ги претстават своите проекти пред клучни лица од индустријата со цел остварување на потенцијални соработки за нивен развој и дистрибуција.

Краен рок за аплицирање: 16.07.2015 год.

Повеќе информации за начинот на аплицирање и условите на  http://www.powertothepixel.com/power-to-the-pixel-the-cross-media-forum/about/