„Барајќи си ја среќата“ на фестивал во Подгорица

19/05/2014

 

Документарниот филм "Барајќи си ја среќата" е селектиран во регионалнaтa програмa на фестивалот Underhill во Подгорица. Проекцијата е закажана за 8 Јуни, со почеток во 20 часот. 


Филмот, во режија на Марија Џиџева, а во продукција на Авард филм и видео,  е приказна за осуммина неженети мажи кои заминуваат во Москва во потрага по жени.


Филмот е поделен во три дела кои ги отсликуваат верата, надежта и љубовта, каде судбините на главните протагонисти се испреплетуваат во нивните напори да ја пронајдат среќата.