„Тајната состојка“ меѓу трите најдобри проекти на копродукцискиот маркет на Берлински филмски фестивал

09/02/2015

               

„Тајната состојка“ на Емилија Чочкова и на Ѓорче Ставрески кој беше селектиран помеѓу десетте одбрани од вкупно 245 поднесени апликации во програмата "Talent Project Market" (на копродукцискиот маркет на Берлиналето), по јавната презентација се најде меѓу трите најдобри проекти и ја освои наградата која ја доделува Асоцијацијата на филмските и телевизиските продуценти на Германија

Проектот беше претставен во конкуренција на десет проекти од надежни продуценти и режисери во рамки на "Talent Project Market", каде учесниците на маркетот имаат можност да остварат копродукциски соработки со меѓународни филмски професионалци со цел да овозможат потенцијална реализација на своите проекти. Покрај на маркетот за таленти, беше претставен и во посебната програма "Talents".

Филмот е македонска современа приказна, која се случува во денешно време во Скопје. Во центарот на случувањата е еден син што сака да го спаси својот татко, кој е болен од рак. Дава сè од себе да му помогне. Бидејќи е очаен, во обидот да го спаси налетува на многу необични и апсурдни ситуации.