„Тајната состојка“ селектиран на ко-продукцискиот маркет на Берлински филмски фестивал

13/01/2015

На 12то издание на ко-продукцискиот маркет на Берлинскиот филмски фестивал кој ќе се одржи во период од 8-10 февруари, 2015 година ќе бидат презентирани 36 нови долгометражни проекти од 28 земји од целиот свет меѓу кои и македонскиот филм во продукција на Емилија Чочкова „Тајната состојка“.

Филмот е избран во конкуренција од 245 пријавени проекти  како дел од "Talent Project Market", на кој ќе бидат претставени десет надежни продуценти и режисери кои ќе добијат можност како учесници на маркетот да остварат копродукциски соработки со меѓународни филмски професионалци со цел да овозможат потенцијална реализација на своите проекти.