„Исцелител“ со награда во Брисел и рецензии во реномирани списанија

14/12/2017

 

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески ја доби специјалната награда од жири за сценарио на 17-тото издание на Медитеранскиот филмски фестивал во Брисел кој се одржа од 2 до 9 декември.

Филмот „Исцелител“ покрај позитивните рецензиии од македонските критичари, доби ѕвездени критики од најзначајните списанија во светската филмска индустрија.  Еден пример е заклучокот од “Variety”: „Прекрасниот „Исцелител” не само што ќе послужи како силна отскочна штица за кариерата на Ставрески, туку дури може да ја повлече напред и пошироката македонска филмска индустрија“. Oд „Холивуд Репортер“ велат дека постои можност и за англиски римејк на филмот, предложувајќи ги Вуди Харелсон или Метју Меконахи како одличен избор за главната улога.  

На меѓународниот филмски фестивал од „А категорија“ „Црни ноќи“ во Талин, „Исцелител“ ги распродаде сите три прикажувања. Во исто време филмот беше прикажан и на уште еден меѓународен филмски фестивал од „А категорија“ во Индија – Гоа (ИФФИ) во категоријата „Cinema of the world“, која ги прикажува најдобрите светски филмски остварувања од 2017 година.