„Тајната состојка“ на Ѓорче Ставревски доби поддршка од SEE Cinema Network

05/11/2014

24то Генерално собрание на SEE Cinema Network (Мрежа на филмски институции од Југоисточна Европа) се одржа денес во Солун, Р.Грција на кое беа присутни претставници од земјите членки на мрежата. Освен тековните активности на мрежата на собранието се разгледуваа и пријавените проекти кои аплицираа за финансиска поддршка за развој на регионална ко-продукција за долгометражен филм. На Генералното собрание секоја земја членка претстави по два проекти.

 Претставниците од земјите членки на 24то Собрание донесоа одлука да бидат поддржани вкупно 6 филмски проекти за развој на регионална ко-продукција за долгометражен филм со финансиска поддршка во износ од по 8.000 евра за проект. Од Република Македонија финансиска поддршка доби филмскиот проект „Тајната Состојка“ (работен наслов: „Крани“) на Ѓорче Ставревски.