"Состојба на шок" на репертоар на кино Фросина

30/11/2011

Филмот „Состојба на шок" во режија на Андреј Кошак ќе се прикажува во киното „Фросина“ до 12ти декември. Филмот својата премиера во Македонија ја имаше на Синедејс, а со редовно киноприкажување започна на 28ми ноември во киното „Фросина“.
„Состојба на шок“ е носталгична комедија за капитализмот и транзицијата на социјалните вредности во текот на изминатите 20 години кои комплетно ги променија Источно Европските земји. Тоа е приказна за изгубените чувства и моќта на чесниот човек.
Филмот е копродукција помеѓу Словенија-Македонија-Србија-Босна и Херцеговина и Бугарија. Ко продуцент од Макеоднија е продуцетската куќа Панк Филм. 
Во филмот играат Уршка Хлебец, Никола Којо, Александра Балзамовиќ, Арна Шијак.