Проекција на „Трето полувреме“ во Лос Анџелес

26/10/2012

                

„Трето полувреме“ во режија на Дарко Митревски, во трката за Оскар ќе се прикажува пред дистрибутерите и меѓународните купувачи, но и пред членовите на Американската филмска академија.

Филмот на Дарко Митревски е меѓу десетте кандидати за номинација за Оскар за филм од неанглиско говорно подрачје, кои ќе имаат специјални проекции во Лос Анџелес. Проекциите ќе се одвиваат во период од 1-ви  до 7-ми  ноември во рамките на Американскиот филмски маркет. „Трето полувреме“ ќе биде прикажан на 4ти ноември во 18 часот, во салата Вилсир во Беверли Хилс.

Претставувањето на филмовите е во организацја на "European Film Promotion", подржано од нејзините земји  членки и  MEDIA Програмата на Европската Унија. Целта на ова прикажување е за да им се даде максимален публицитет на филмските наслови и да се создаде простор за американска дистрибуција на филмовите.

Годинава е пријавен рекорден број од 71 филм за номинациите за Оскар за филм од неанглиско говорно подрачје од кои ќе бидат одбрани 5 филма кои ќе бидат официјално номинирани. Номинациите ќе бидат објавени на 10 Јануари а церемонијата на доделување на оскарите ќе се одржи на 24 февруари 2013 год.

 

Повеќе информации, ОВДЕ