„Трето полувреме“ на фестивалот во Палм Спрингс

10/01/2013

       

Воената драма „Трето полувреме“ во режија на Дарко Митревски вечерва ќе ја има третата и последна проекција на 24. Меѓународен филмски фестивал во Палм Спрингс, САД. Филмот веќе беше прикажан на фестивалот на 6 и 7 јануари со целосно распродадени проекции.
Филмскиот фестивал во Палм Спрингс се одржува од 3-14 јануари а меѓу гостите на годинешното издание се  Ричард Гир, Дајан Лејн, Наоми Ботс, Бен Афлен и Хелен Мирен.


„Трето полувреме“ сеуште се прикажува во кината низ Македонија и е одлично прифатен од публиката, а  досега го видоа 80.000 гледачи.
Филмот ја имаше својата премиера на ланското издание на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и беше официјален македонски кандидат за Оскар но не успеа да  влезе во трката за наградата на филмови од неанглиско говорно подрачје.