„Трето полувреме“ и „Балканот не е мртов“ премиерно на „Браќа Манаки“

09/05/2012

33от по ред Фестивал на филмска камера „Браќа Манки“ ќе биде отворен со македонската премиера на филмот на Дарко Митревски „Трето полувреме“,  а ќе се затвори со премиерата на „Балканот не е мртов“ во режија на Александар Поповски.

Првпат во историјата на фестивалот, кој ќе трае од 15-21 септември во Битола, два македонски филма ќе го означат почетокот и крајот на фестивалот, чие годинешно мото е „Продолжи да создаваш“.

 

  

 

„Трето полувреме“ е трет филм на режисерот Дарко Митревски, по „Збогум на 20от век“ од 1998 година и „Балканкан“ од 2005 година. Филмот, во кој главните улоги ги толкуваат Сашко Коцев и Катарина Ивановска, е приказна за љубовта, фудбалот и борбата против фашизмот, во најтурбулентното време во историјата на светот - Втората Светска Војна.

 

„Балканот не е мртов“ во режија на Александар Поповски е адаптиран од драмскиот текст на Дејан Дуковски, и ја раскажува љубовната приказна помеѓу Турскиот воен офицер, кој подоцна станал претседател, Мустафа Кемал Ататурк и убавата Елени Каринте од Битола.