„Жената која ги избриша своите солзи“ на Теона Митевска оди на Берлинале

04/01/2012

„Жената која ги избриша своите солзи“, третиот филм на Теона Стругар Ми­тев­ска, светска премиера ќе има на годинешното Берлинале, кое ќе се одржи од 9ти до 19ти февруари. „Жената која ги избриша своите солзи“ ќе игра во програмата Панорама, која ја викаат и „фестивал во фестивалот“, во која се из­би­ра­ат независни уметнички авторски филмови. Покрај шпан­ска­та актерка Викторија Абрил, која е главната ѕвезда во овој филм, играат и Лабина Митевска, Жан Мари Га­леи, Арбен Бајрактарај, Петар Мусевски, Фирдаус Неби, Петар Горко, Жак­ли­на Стевковска, Маја Вељковиќ, Рујиш Беговска, Темер Ибрахим и Береда Решхит. Филмот е копродукција меѓу Ма­ке­до­ни­ја, Словенија, Белгија, Германија.Ова е трет филм на Теона Митевска кој игра во Панорама, првпат бе­ше со краткиот „Вета“ во 2001 година, а вторпат со долгометражниот „Јас сум од Титов Велес“ во 2008 година.


Дневник: „Жената...“ на Теона Митевска премиерно на Берлинале

Утрински Весник: Светска премиера на филмот на Теона Митевска во Берлин

Вечер: Теона Митевска со премиера на Берлинале!

Сител: “Жената...” на Теона Митевска премиерно во Берлин

Мрт: „Жената која ги избриша своите солзи“ на Теона Стругар Митевска на Берлинале

Македонија24: “Жената која ги избриша своите солзи„

Без Пардон:Филм на Теона на Берлинскиот фестивал

Инфо Плус:„Жената која ги избриша своите солзи“ премиерно на Берлинале

Идивиди: „Жената која ги избриша своите солзи“ на Теона Стругар Митевска на Берлински филмски фестивал

Миа:„Жената која ги избриша своите солзи“ на Теона Стругар Митевска на Берлински филмски фестивал

На Пауза: Жената која ги избриша своите солзи- на Берлински филмски фестивал

КармаКаша: Новиот филм на Теона на Берлинале

Курир: „Жената која ги избриша своите солзи“ на Берлински филмски фестивал

Ин Прес: „Жената која ги избриша своите солзи“ на Берлински филмски фестивал

Факултети Мк: "Жената која ги избриша своите солзи" премиерно на Берлинале