„Жената која си ги избриша солзите“ на фестивали ширум светот

18/06/2012

       

Филмот „Жената која си ги избриша солзите“ продолжува со учество  на фестивали ширум светот. Филмот утревечер ќе биде прикажан во програмата Паралели и Судири на Авторскиот филмски фестивал кој се одржува од 14-20 јули во Палиќ, Србија. На фестивалот беше претставена и Српско- Македонската копродукција „Парада“ во режија на Срѓан Драгојевиќ, кој беше прикажан во главната натпреварувачка програма.

„Жената...“ исто така беше селектиран на Филмскиот фестивал во Сараево, кој се одржа од 06-14 јули, каде се натпреваруваше за престижната награда „Срцето на Сараево“, во главната конкуренција во која годинава се влезени само 9 филма.

Месецот јули е резервиран за уште два меѓународни филмски фестивали. Филмот ќе биде претставен во главната натпреварувачка програма на Меѓународниот Филмски фестивал Бразилија, кој же се одржи од 18-23 јули во Бразил.

Кон крајот на месецот „Жената...“ патува на Меѓународниот филмски фестивал „Ту Риверсајдс“, кој се одржува од 28 јули до 5 август, каде е селектиран во програмата „Светот под канвас“ наменета за „впечатливи филмови што ги претставуваат последните трендови во уметничкиот и независниот филм од целиот свет, со акцент на европскиот.“