„Жената која си ги избриша солзите“ во трка за Европски филмски награди

31/07/2012

  

Филмот на Теона Стругар Митевска „Жената која си ги избриша солзите“ е влезен во селекцијата на 40 најдобри филмови кои ќе се натпреваруваат за годинешните Европски филмски награди, со кои се наградуваат најдобрите европски филмски остварувања од изминатата година.

Сите 40 препорачани филмови ќе бидат дистрибуирани до целосното членство на Европската академија кое ќе одлучува за номинациите. Официјалните номинации ќе бидат објавени во ноември, на Филмскиот фестивал во Севиља, Шпанија. Малта е годинешната земја домаќин на церемонијата на доделувањето на Европските филмски награди која годинава е предвидена да се одржи на 1 декември.