„Жената која си ги избриша солзите“ го отвора фестивалот Синема Јове

15/06/2012

Филмот на Теона Митевска „Жената која си ги избриша солзите“ вечерва го отвора 27то издание на престижниот филмски фестивал Синема Јове, во Валенсија, Шпанија. Филмот ќе има и две проекции во главната конкуренција. Шпанската актерка Викторија Абрил, која толкува една од главните улоги во филмот, исто така ќе присуствува на отворањето.

Светскиот дистрибутер на филмот, Урбан Дистрибуција во координација со Европската филмска промоција, на 25 Јуни во Њујорк организира специјална проекција, наменета за американските дистрибутери и продажни професионалци.