„Жената која си ги избриша солзите“ на Busan International Film Festival

04/10/2012

 

Филмот на Теона Стругар Митевска „Жената која си ги избриша солзите“ ќе се прикажува на овогодинешното издание на Busan International Film Festival, кој ќе се одржи во период од 04.-13. октомври. Филмот ќе се прикаже во World Cinema Section  и истиот ќе биде претставен пред публиката со три проекции на 5ти, 6ти и 11ти октомври.

„Жената која си ги избриша солзите“ досега беше прикажан на повеќе меѓународни фестивали, а на филмскиот фестивал во Херцег Нови, Црна Гора беше награден со „Златна мимоза“ за најдобра камера.

 

 

Повеќе информации за филмот, овде

Повеќе информации за Busan IFF, овде