Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Отворено 21 издание на Скопски Филмски Фесивал со премиера на новиот филм на Владимир Блажевски - „Година на мајмунот“

20/04/2018

 

Најновото остварување на Владимир Блажевски  - „Година на мајмунот“ вчера вечер го отвори 21. Скопје филм фестивал. Филмот е во копродукција меѓу Македонија, Србија, Словенија и Косово.

Главната улога ја игра Игор Ангелов, а во останатите улоги играат Марија Кон, Решит Береда, Рефет Абази, Тања Кочовска, Петер Елиот. Директор на фотографија е Димо Попов. Филмот се снимаше во 2016 година на 80-ина локации низ Македонија. 

Главни протагонисти во филмот се Цобе, сиромашен чувар во Зоолошката градина во Скопје, и шимпанзото Коко, жител во градината. Филмот е приказна за бегањето на Коко „од ропство во слобода“ поради што Цобе ќе биде отпуштен со ветување дека ќе го вратат на работа доколку го пронајде и донесе назад избеганиот мајмун...

По официјалната премиера, „Година на мајмунот“ од денес продолжува да се прикажува во киносалите на „Синеплекс“, а светска премиера ќе има на 23 април на Московскиот меѓународен филмски фестивал.