Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

„Ќе дојдат децата“ на Ана Јакимска освои наградата за најдобар краток филм на фестивалот „Мекиненса“ во Шпанија

06/09/2017

 

Краткиот игран филм „Ќе дојдат децата“ на режисерката Ана Јакимска ја освои главната награда за најдобар краток филм на Меѓународниот филмски фестивал „Мекиненса“ во Шпанија (Mequinensa International Film Festival).

Меѓународното жири на фестивалот го истакна естетскиот квалитет на филмот и успешно изградената атмосфера, што произлегува од самата приказна за младата учителка Велика која се наоѓа во безизлезна ситуација. На фестивалот беа прикажани вкупно 25 филмови од 17 различни земји. Режисерката Јакимска, на публиката ѝ се обрати со видео порака.

Филмот претходно беше номиниран за најдобар краток филм на престижниот филмски фестивал во Шангај, а беше прикажан и во официјална селекција на филмски фестивали во Јужна Африка, Мароко, Италија, Црна Гора, Албанија и Косово.