Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Продолжува фестивалскиот успех на „Борба за смрт“

14/09/2017

 

Краткометражниот игран филм „Борба за смрт“ е селектиран за учество на четири интернационални фестивали кои ќе се одржат во текот на октомври. Филмот ќе ја има својата африканска премиера на Медитеранскиот фестивал за краток филм во Танџиер, Мароко, а во исто време ќе се прикажува во официјална конкуренција на Интернационалниот филмски фестивал во Ханченг, Кина. Филмот е селектиран и на фестивалот „kurz.film.spiele“ во Констанц, Германија, а е дел и од селекцијата на македонски филмови кои ќе се прикажат на фестивалот „Sedicicorto“ во Италија.

Сценариото и режијата се на Елеонора Венинова, продуцент е Гоце Кралевски од ДНФ филмс. Улогите ги толкуваат актерите Мите Грозданов и Илија Струмениковски, а директор на фотографија е Димо Попов.

Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на РМ во соработка со Канал 5 телевизија.