Филмот „Име си е име“ на Chicago Global Wake Up Film Festival

26/10/2011

Документарниот филм за Македонија и македонскиот народ „Име си е име“ во режија на Сигурјон Ејнарсон ќе биде прикажан на Chicago Global Wake Up Film Festival  во организација на Обединетите Нации. Филмот „Име си е име“ ќе биде прикажан во сабота, 29 Октомври во 15:45 ч. на Колумбија Колеџ.
Филмот „Име си е име“ ќе биде прикажан во сабота, 29 Октомври во 15:45 ч. на Колумбија Колеџ. Филмот раскажува за значењето на името Македонија за Македонците и што тоа значи за одбраната на нивниот идентитет. „Име си е име“ досега е прикажан во Австралија, Европа, Канада и САД, во дваесетина од градовите каде што е прикажан има добиено одлични критики.

 

Курир: „Име си е име“ ќе биде прикажан во Чикаго

Револуција: „Име си е име“ и во Чикаго

 

Повеќе за  „Име си е име“