Филмот „ЏГАН“ прикажан на Трансилванија Филм Фестивал во Клуж, Романија

14/06/2017

 

По светската премиера во Чикаго и многуте европски прикажувања, филмот „Џган“ на режисерот Вардан Тозија, реализиран во продукција на Дрим Фектори и со поддршка на Агенцијата за филм на РМ, продолжува да реди фестивалски успеси. Имено, „Џган“ своето прикажување пред романската публика го имаше на 08.06.2017, и тоа во официјалната селекција на Трансилванија Филм Фестивал во Клуж, Романија.

Трансилванија Филм Фестивал е еден од најзначајните филмски фестивали за меѓународни независни продукции во Источна Европа и негова главната цел е промоција на филмската уметност со презентирање на најрелевантните филмови во моментот од целата светска кинематографија, кои се одликуваат со оригиналност и независност на изразувањето, кои се рефлектираат низ необичен филмски јазик и форма или се фокусирани на тековните трендови во културата на младите.